ИВЗ прогласи дека короната е жива

Новиот поглавар на ИВЗ, Шаќир Ефенди Фетаху на денешната прес-конференција рече дека коронавирусот постои и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Оваа болест е вистинска, сите компетентни органи и институции во светот потврдиле дека постои. Ние сме верски институции и не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или не. Институциите кои се професионални и стручни потврдиле дека постои, а во посебно во последно време короната се шири бргу во Македонија. Апелирам да бидеме сериозни, да се придржуваме кон сите мерки кои ги поставиле органите и да дадеме придонес за што побргу да излеземе од оваа состојба. Ние како ИВЗ влеговме во оваа борба со зборовите „страв не, но голема свест против оваа болест да“. Мораме да се бориме со сите сили да се надмине ова“, рече Фетаху.

Пред да биде разрешен неговиот претходник Сулејман Реџепи, по молитва во Мустафа-пашината џамија за Рамазан бајрам го прогласи коронавирусот за мртов.

Реисот Фетаху не одговори зошто беше сменет неговиот претходник.