Ивановска за автобуската трагедија: За 50 евра, 50 луѓе отидоа

Вилјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека поради отсуство на интегритет во контролниот систем дошло до автобуската несреќа во Бугарија во која изгореа 45 патници во автобусот на „Беса транс“.

– Значи главните заклучоци од таа дебата беа дека постои законска регулатива значи дизајнирана за контролниот систем меѓутоа не се почитува. И тоа е основно за случување на вакви работи. Значи кај се луѓето кои што ја доделиле лиценцата, кај се луѓето што направиле контрола, па вчера на КОД видовме дека автобусот воопшто не бил нов туку бил репариран. Значи тоа се поминало низ некои канали, па дури и дека не знам колку пати поминал автобусот преку граница. Значи тоа е затајување на контролниот систем. Затајувањето на контролниот систем е поради отсуство на интегритет на луѓето кои што работат таму, а тоа е основен влез во корупцијата, рече Ивановска во емисијата.

Според антикорупционерката, приоритет треба да биде работтата со зајакнување на интегритетот кај сите службени лица.

– За 50 евра 50 луѓе отидоа, мислам нема логика. Животот на луѓето и нашето здравје е многу поскапо. Што прават сега тие луѓе, никаде ги нема, сенка нема од нив“, нагласи Ивановска.