Италија размислува да ги засолни украинските бегалци во имоти конфискувани од мафијата, пренесува АФП.

Лондон ќе сместува украински бегалци во куќи на руски олигарси

Агенцијата која управува со тие имоти почна да истражува кој од нив може на краток рок да се искористи за привремен прием на бегалци од Украина.

Италијанската министерка за внатрешни работи Лусијана Ламоргезе рече дека Агенцијата исто така ќе ја разгледа можноста за имоти чија сопственост е пренесена на градската управа, но се уште не се во употреба.

Досега во Италија пристигнале 17.286 Украинци, главно жени и деца.

Повеќето од нив се згрижени од роднини и пријатели, но има и приватни и јавни кампањи за организирање засолништа за оние кои немаат каде да останат.