Италија е за одвојување на Македонија и на Албанија на патот кон ЕУ, објави премиерот Драги!

Италија е за поделба на досиејата за кандидати за членство во Европската унија на Македонија и на Албанија во случај на дополнително одложување на почетокот на пристапните преговори, изјави премиерот Марио Драги по самитот на Советот на ЕУ, објави „Јуроњуз“.

Поради ветото од Бугарија за започнување на преговорите за Македонија, досега ги одложуваше и преговорите за Албанија, бидејќи нивните кандидатури се разгледуваат заедно, во пакет.