Марко Трошановски кој е директор на Институтот за демократија Societas Civilis од Скопје открива дека драматично се намалува бројот на македонските граѓани кои сметаат дека ЕУ е добра работа.
“Само 53% од Македонците сметаат дека ЕУ е добра работа, една третина се амбивалентни. Според резултатите од анкетата на Балканскиот барометар 2021 година”, пишува Трошановски.
Според тоа што го кажува Трошановски и врз основа на методологијата на традиционалното истражување на истата тема може да се заклучи дека 16 % од Македонците сметаат дека ЕУ не е добра работа или немаат став за ЕУ.
Only 53% of the Macedonians think EU is a good thing, 1/3 are ambivalent. according to the Balkan Barometer 2021 poll results.
— Марко Трошановски (@MarkoTroshan) July 20, 2021