Истражувачка новинарка за Ковачевски: Арогантен, дрзок, фалбаџија, лаже и навредува

Шефицата на истражувачката репортерска лабораторија ИРЛ, Сашка Цветковска, прави мал осврт на вчерашната прес конференција на премиерот Димитар Ковачевски.

Таа го анализира поведението на премиерот кој вчера покажа многу од своите негативни карактеристики кои досега добро ги камуфлираше.

,,На едно сосема културно поставено прашање од страна на новинар, нема да навлагам дали беше полн погодок прашањето или не, премиерот одговори арогантно и навредливо го започна одговорот со “Првин ако добро сте следеле и ако сте плаќале сметки за струја, не знам вие дома дали плаќате сметки….” (wtf?).

На прашање на друг колега зошто не им ги доставуваат фактурите и документите во врска со оние 400, 000 евра потрошени за саемот во Белград, премиерот прече дека сето тоа ќе можеле да го видат новинарите кога фактурите ќе биле ставени на open finance. На оваа база нема ниту фактури ниту било какви документи во врска со трошоците на владата, ниту, пак, преку прегледот може да се идентификува кој трошок за која активност бил.

Вртејќи одоколу, ама така дрскичко, фалејќи се колку е транспарентна владата, рече дека тој лично ќе проверел во Трезорот до каде била оваа работа. Премиере, не во Трезорот, туку во Генералниот секретаријат на владата кој го спровел овој тендер и каде што се наоѓаат документите кои ги бараат колегите како фактури, договори итн. Но, тој тоа добро го знае.

Хајлајт ми беше Irena Cackova со одлични прашања кои не добија конкретни одговори, но добро му ги пресретна сите игри, го допре во нерв и културно го смести во дефанзива, па и го изнервира. (заслужено).

Севкупно, новинарите си имаа супер прашања, а премиерот немаше никакви конкретни одговори и делуваше на тип што баш и не љуби критика и што прерано го занела и завела функцијата. Ја спореди македонската економија со американската и со сите европски држави и сто пати кажа како ние сме исти како сите. (jesus). На крај се пофали со енергетска трансформација. Ај добро.

Мојот впечаток е дека немаше ништо ургентно во пресот на премиерот затоа што не даде одговори како точно ќе ги набават или создадат енергенсите кои им требаат за да ги остварат сите овие ветувања за кои свикаа дури и ургентен прес среде ноќ, ама сфативме дека Чифлиганец ќе ни ги рента топланите загубени неодамна поради криминал и корупција и толеранцијата на криминалот и корупцијата.

И така.

Накусо, мојот осврт на овој итен прес е дека новинарите беа супер, премиерот не толку искрен и малце како налутен :)”, пишува Цветковска за однесувањето на премиерот на пресот.

Дополнително Цветковска прави и мал осврт на видеата на премиерот од Њујорк.

,,Евидентно е дека човекот сака да се снима, но неговиот тим мора да знае што значи злоупотреба на државни ресурси во лична и партиска промоција, за ова во друга прилика. И плус срамота е да лажеме пред светот дека сме нешто што не сме, кој сака да разбере што зборам мора да го гледа промо филмот продуциран од влада посветен на говорот на Ковачевски на универзитетот Колумбија, прелудо. Помеѓу другите нереални работи што се немаат случено во Македонија, збореше и за нашата успешна дигитализација, успешна енергетика и други лаги кажани пред младите луѓе на Колумбија”, пишува Цветковска.

Видеото од Ковачевски од САД каде што лажел за ситуацијата во Макеоднија

https://fb.watch/fQxrrtmU4j/

Видеото од вчерашната прес конференција

https://fb.watch/fRiEh9EMqG/