Истражители влегоа во СЈО

По налог на Јавното обвинителство истражители влегоа во просториите на бившото СЈО за да обезбедат финансиски документи, потврдија за МИА од Обвинителството.

Официјалните информации од базата „Отворени финансии“ покажаа дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата.

Најголем дел од дополнителните 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.