На отворањето на бизнисот со вода на луѓе на Кремљ присутен беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Додека власта предводена од СДСМ и ДУИ секојдневно без аргументи етикетира свои критичари дека се руски агенти високи претставници на двете партии со години се поврзани со инвестиција која е дел од шема на руски олигарси блиски на Владимир Пути.
Управата за финансиска полиција по повеќегодишна пауза денеска го достави бараното известување до Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за предистрага од 2016 година поврзана со трансакциите, движењето на парите и инвестицијата на фабриката за вода „Маја“ близу селото Гари, објави Истражувачката репортерска лабораторија откако предходно Фокус објави слични наоди.
,,Обвинителството истражува можно перење пари преку оф – шор фирми од Кипар и Британските Девствени Острови за реализација на клучната инвестиција во дебарско – „Маја Вода“. Фирмата МЛ – Гари од Македонија се појави и во протечените „Пандора документи“ а партнерите на ИРЛ, Остро од Хрватска и Меѓународниот проект за известување на организиран криминал и корупција (OCCRP) веќе пишуваа дека зад хрватската инвестиција од островот Мали Лошињ, се кријат оф – шор фирми на лица кои тесно соработуваат со високи функционери од Русија кои се дел од најтесниот круг соработници на Претседателот Владимир Путин”, објави ИРЛ.
Неделникот Фокус со наслов
Хрватски капитал со руски шмек: Кој ја „мати водата“ во дебарско Гари?, директно посочува висок функционер на СДСМ како дел од проектот кој води до Кремљ.
,,Во име на „МЛ-Гари“, која пред десетина години почна да гради фабрика за вода во дебарското село Гари, настапија хрватските државјани Дашмир Абдија и Бранислав Којиќ. Еден од нив изјави дека тие не се реални инвеститори, туку во позадина стои банката „Промсвуаз“, која неодамна премина во сопственост на руската држава. Сега, македонската компанијата го негира тоа, но ги потврдува написите дека проектот го кредитирале лица од опкружувањето на хрватскиот бизнисмен Михаило Перенчевиќ, кој преку градежниот гигант „Велестрој“ се поврзува со нафтената „Транснефт“ раководена од олигархот Николај Токарев, близок пријател на Путин од деновите минати во КГБ. Адвокат на македонската фирма, пак, е Миле Зечевиќ!”, пишува Фокус.
Повеќе детали
https://fokus.mk/hhrvatski-kapital-so-ruski-shmek-koj-ja-mati-vodata-vo-debarsko-gari/
https://irl.mk/obvinitelstvoto-se-somneva-deka-se-perele-pari-vo-investici-a-promovirana-od-dui/