Репрезентацијата на Македонија по добро ќе ја памети оваа чудна 2020 година, бидејќи преку финалето на Лигата на нациите и победата кај Грузија (0-1) за првпат се пласира на едно Европско првенство. 

Натпреварот кој ќе биде засекогаш запишан во аналите на македонскиот фудбал беше посебен, доби завршница каква што посакувавме, а коментаторот на Македонската радио телевизија, Тони Стојановски се погрижи и фановите крај малите екрани да ја почуствуваат „магијата“ од Тбилиси.

Тој со емотивен говор го поздрави пласманот на Европското првенство, што беше со одушевување прифатено од публиката. Сега, Стојановски доби неверојатна чест и неговите зборови се испишани на ѕид во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини го пречека новинарот од Македонската телевизија и му ја покажа плакетата со неговите зборови која ќе ги краси ѕидовите на федерацијата.  

Видеото кое го постави ФФМ со признанието за Тони Стојановски по на ОВОЈ линк. Gol.mk