Преспанскиот договор ќе се оствари и историјата ќе биде многу љубезна кон грчкиот премиер Алексис Ципрас и премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, изјави американскиот амбасадор во Грција Џефри Пјат, на Самитот Солун 2018.
Тој додаде дека САД, во соработка со своите европски партнери, ќе работат многу напорно на спроведување на договорот, за кој смета дека е „начин Солун да се врати во неговата историска улога како космополитски главен град на западен Балкан“, пренесе АНА-МПА.
Според САД, преспанскиот договор веќе ја зголемил стабилноста во регионот, рече амбасадорот.
Тој, исто така, истакна дека договорот не е само политички туку и економски значаен и оцени дека ќе се отворат многу можности во северна Грција во областите на енергетиката и трговијата.