„Одлучивме едногласно за годинава да го откажеме одбележувањето на 28 ноември, Денот на албанското знаме во градот Куманово, поради последните трагедии, што го зафатија албанското општество: онаа што се случи во Бугарија, каде животот го загубија 46 лица, меѓу кои 12 деца, како и пред неколку дена во селото Глоѓани во Косово, кога беа убиени тројца, од кои две млади лица. На овој начин се солидаризираме со болката на семејствата, кои се погодени од овие трагедии. Не ни е дадено да се радуваме на овој национален датум, но се надеваме дека следните празници ќе ги дочекаме како што посакуваме.“ – известија огранокот на Здружението на историчари – Албанци од Куманово и Липково и Мрежата на невладини организации „Хоризонт“ од Куманово во своето соопштение, потпишано од претседателот на споменатиот огранок Мевлудин Сулимани, пренесено на веб – порталот на ТВ „Шења“ на албански јазик.
Засега нема информации дека и во други населени места со Албанци низ Република Македонија ќе има вакви одложувања на прославите на албанскиот национален празник.