Приватните превозници кои чекаат да им биде исплатен долгот од над 1,5 милиони евра, денеска во 9 часот ќе протестираат пред седиштето на ЈСП.
Повод за протестот е , како, што велат провокацијата откако на сметката на компанијата „Макекспрес“ од ЈСП им биле исплатени 5 илјади денари. Тие бараат средба со директорот на ЈСП за да добијат објаснување за ова, а доколку бидат одбиени, најавуваат протести и евентуални блокади во наредните денови.
„Директорот на ЈСП направи грешка неделава уплатил 5.000 денари за 105 превозници…пет илјади денари за сите, а 2 милиони евра треба да ни плати и ова е провокација кон нас…Играат игри со нас“, вели еден од приватниците за ТВ 21.
-Тој вели дека очекуваат да разговараат со директорот денеска во 9 часот, а доколку не ќе протестираат.
„Ние планиравме во вторник или среда да протестираме пред Веро Џамбо“.
За градоначалничката Данела Арсовска, „проблемот“ со приватните превозници од компаниите „Макекспрес“ и “Слобода превоз“, на кои им ги раскина договорите за вршење јавен превоиз е – затворен. Арсовска, односно Град Скопје, објави два јавни огласи „!приватните“ да се пријават и да потпишат индивидуални договори за вршење превоз на линиите кои до ноември минатата година ги опслужуваа овие компании, но никој не се јави.
Во меѓувреме, Арсовска најави купување на 50 нови еколошки автобуси на кредит од 10 милиони евра.
Премиерот Димитар Ковачевски, пред повеќе од еден месец побара од приватните превозникци да ги прекинат блокадите на скопскитре сообраќајници како услов за средба со него и решавање на нивниот проблем но таква средба се уште не е одржана.
