Десетина дена откако американската амбасадорка Ангела Агелер јавно и индиректно ја обвини власта на СДСМ и ДУИ дека е корумпирана, официјална Бихаќка направи досега невиден спот за партијата и социјалдемократијата кој за многумина е одговор на партијата за обвинувањата од Агелер.

Социјалдемократијата е идеологија која има за цел народите целосно да се ослободат од странските влијанија.

Ова е пораката која во својот најнов партиски спот ја испраќа СДСМ.

Пораката направена од партискиот пропаганден тим е испратена до сите граѓани но и до сите странци кои сакаат да имаат влијание во Македонија, меѓу нив и Агелер.

Меѓу тие кои што сакаат и имаат влијание во Македонија се и САД, ЕУ и НАТО кои се македонски стратешки партнери и затоа е чудно што СДСМ во специјален видео спот потенцира дека цел на партијата е да се бори против елиминација на сите странски влијанија.

Дали ова е најава дека СДСМ ги отфрла критиките за корупција од Агелер и ќе се бори против антикорупциската агенда на САД која се факто е странско влијание, треба да одговори партијата на Ковачевски која досега не продуцирала ниту објавила вакво видео во кое најавува дека една од главните цели на партијата е борба против странски влијанија.

Чудниот спот на СДСМ кој е илустриран со музика од ,,Социјалистичката интернационала” во видеото