Исповед на млад бугарски лекар: Што ако сите заминеме на Запад?

Многу бугарски лекари заминаа во странство. Шеип Панев исто така заминува, но наместо во Западна Европа, тој оди во напуштените села на северозападна Бугарија. Да ги лечи осамените постари луѓе – без да наплаќа ни една стотинка.

Наскоро ќе дипломира како доктор. Денес тој пристигна во селото Лутиброд во северозападна Бугарија, околу 100 километри од главниот град Софија. Северозападна Бугарија е еден од најсиромашните региони во ЕУ. Младите луѓе одамна ги напуштија селата… На овие места луѓето можат да видат лекар само еднаш месечно – но само во лето. Во зимските месеци сè зависи од времето.


Шеип Панев не сака да се помири со оваа ситуација.

„Ние имаме должност да им помогнеме на луѓето овде, бидејќи државата очигледно не го прави тоа. Луѓето тука ја ценат нашата работа и драго ми е што можам да направам нешто добро за нив, да бидам корисен за нив. И тоа значи дека не живеам залудно“, изјави младиот лекар на репортерот на „Дојче веле“.

За жал, лекарите како Панев можат да се избројат на прсти. Повеќето млади лекари заминуваат за Западна Европа, а не во селата во Бугарија.

„Отворањето на границите, што првично го поздравивме, имаше и негативни последици. Денес нашите лекари ја напуштаат Бугарија. Утре, пак, и бугарските пациенти ќе одат во странство, а тоа ќе изврши притисок врз германскиот здравствен систем. За овие работи треба да се размисли уште денес – пред да почнеме да увезуваме евтина странска работна сила однадвор“”, вели поранешната заменик-претседателка на Бугарскиот лекарски сојуз, д-р Галинка Павлова.

Над 1600 бугарски лекари моментно работат во Германија …

Панев не сака да ја напушти Бугарија …

„Мислам дека имам долг кон луѓето во Бугарија. Сакам да останам да ги лекувам. Што ќе се случи ако сите си заминат од овде“?