Палестинското движење Исламски џихад се закани дека ќе го „наруши“ одржувањето на  годинешново издание на „Евросонг“, кое почнува за 10 дена во Израел.

И весникот „Тајмс оф Израел’ ја пренесе информацијата дека Исламски џихад од Газа се закани дека ќе го прекине натпреварот за „Песна на Евровизија“.


Делегации на Евровизија од петокот почнаа да пристигнуваат во Израел за манифестацијата што ќе се одржи од 14-18 мај, и која се очекува да привлече илјадници туристи во земјата.

Исламски џихад и израелската армија разменија жесток оган во изминатите 24 часа, а Израел го обвини Исламскиот џихад за поттикнување на сегашниот циклус на насилство во Газа и во Израел.

Палестинските екстремисти од Газа истрелаа повеќе од 250 ракети во градови и села во Израел, на што Израел одговори со воздушни напади и гранатирање од тенкови, во кои според палестинската страна загинаа четири лица.