Ислам Абази отворил случај и за синот на Талат со име “Сам себе го убијал”, адвокати се мајтапат со партиското правосудството

Македонски адвокати се мајтапат со партизираното обвинителство за организиран криминал кое го води човекот близок на ДУИ Ислам Абази.

Адвокатот Јанаки на свој начин се шегува со скандалозниот случај во кој и синот на спикерот на парламентот Талат Џафери полагал правосуден испит без да има соодветно високо образование.

,,ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција штотуку отвори истрага за Злоупотреба на службена положба и овластување, истрага која се однесува на злоупотребите при предвремено полагање на правосудниот испит на најмалку двесте кандидати”, пишува Митровски додавајќи на англиски јазик:
Just kiding, this is North Monkeydonia!
(Само се шегувам, ова е Северна Мајмундонија)

Прифаќајќи ја шегата на сметка на обвинителот близок на ДУИ адвокатот Војо Димоски смета дека име на предметот треба да биде “Сам себе го убијал”.

Во реакциите се вклучува и професорот од правниот факултет во Скопје Тони Денковски кој признава дека се смрзнал од информацијата.

,,Ме смрзна Колега!
Е ова успешно подметнување, како радиодрамата на Орсон Велс, Војна на световите.
Кога шегата се состои во пласирање на невозможна вест. Како напад на вонземјани…”, пишува Десковски за мајтапот на Митровски.