Со годишна бруто плата од околу 115.320 евра, искусните доктори се најплатени во Германија годинава, објави германскиот деловен портал „Гехалт“.

По нив следуваат стручњаците за продажба или аквизиции со заработувачка од 99.635 евра, директорите на фондови со 83.640 евра и лекарите-специјалисти со 80.720 евра годишно.

Меѓу најплатените се уште и финансиско-сметководствените менаџери, регионалните менаџери за продажба и статистичарите.

Најслабо платени, пак, се работниците во кујна, чија што годишна бруто плата е околу 21.907 евра, фризерите со 23.202 евра, келнерите со 23.620 евра, работниците во кол-центри со 25.200 и рецепционерите со 25.370 евра.

Меѓу работниците со најниски плати се уште и благајниците, стоматолошките асистенти, негувателките и возачите.

Најдобро платрени се работниците од југот на Германија, а највисоки плати годинава се забележани во покраината Хесе.