Искусен кривичар видел куќен притвор за бегалец само на филм

Кривичарот со јавнообвинителско искуство од Охрид Војо Димовски се чуди на мерката која обвинителите Русковска, Ристовска и Пеливанов ја побарале за бегалецот од правдата Сашо Мијалков а судот нема против.

“Во моите преку 15 години практикување кривично право, до сега не знам за случај на бегалец да му се определи друга мерка освен притвор.
Еднаш имам видено на бегалец да му се определи куќен притвор, ама тоа беше на филм”, пишува Димовски откако бегалецот Мијалков доби куќен притвор.