Исклучувањето на Тодороски ѝ пресуди на Македонија против Бугарија

Директниот црвен картон за Тодор Тодороски во 14. минута директно влијаеше за поразот од 1:0 на ослабената репрезентација на Македонија против Бугарија во Скопје на крајот од ова издание на фудбалската Лига на нациите.

Наместо очекуваната офанзива, а без повредените Ристовски, Адеми, Николов, Чурлинов, „црвено-жолтите“ со играч помалку мораа да се престројат во од, што Бугарите го искористија преку Кирил Десподов од контранапад во 50. минута.

Третиот пораз во шесте настапи во ова натпреварување ја чинеше Македонија пад на третото место во групата Л од дивизијата Ц.