Исчезнал македонски дипломат кој направил огромна штета за Македонија

Исчезнал македонски дипломат кој за нецела година успеал да направи огромна штета за државата од околу 57000 илјади евра додека бил активен во македонско дипломатско претставништво.

Во моментов според извори во МНР никој не знае каде е дипломатот кој не оди на работа ниту комуницира со своите колеги и претпоставени.

Против дипломатот не се води ниту дисциплинска постапка од страна на министерот Бујар Османи или органите на МНР ниту има истрага од страна на обвинителството или МВР.

Внатрешните органи на МВР веќе утврдиле дека дури 7000 евра државни пари фалат од конзуларна каса на амбасадата на Македонија во земјата каде бил дипломатот.

За овие средства лично одговарал исчезнатиот дипломат кој го нема никаде да објасни за што ги потрошил парите.

Дипломатот воопшто не плаќал кирии за својот стан што му праќале од МНР на негова сметка па сега Македонија ќе треба да ги подмири и неплатените кирии кон агенцијата преку која е изнајмен станот!

Вкупно дипломатот добил околу 30.000 евра за кирии од МНР но не си го плаќал станот.

Напоредно со тоа, зел кредит во име на амбасадата во комерцијална банка во висина од 20.000 евра.

И овие пари ќе треба да ги плати државата ако новопечениот дипломат кој на мисија во странство бил упатен пред десетина месеци не се појави и не ги врати парите.

Ова се засега познатите долгови на дипломатот кој сега не е достапен за МНР а против него никој не води никаква постапка.

Сличен случај на проневера на пари од дипломатски претставништво имаше пред неколку години кога во една европска земја македонски дипломат кој трошел државни пари предизвикал пожар во сефот каде се чувале парите на МНР и потоа тврдел дека парите изгореле во пожарот.

Ни тој дипломат се уште не е санкциониран.