Исчезна плочата поставена во чест на одржаното заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчињски.

Македонски државјани кои го посетиле манастирот денеска за expres.mk тврдат дека плочата ја нема на местото каде што била на Илинден.


Плочата беше поставена по 30 години откако беше тргната и 13 години откако македонска делегација го посети манастирот ( спикерот на Собранието Трајко Вељановски во 2009 година).

Пред осум дена претседателот Стево Пендаровски прв се поклони прв пред новопоставената спомен-плоча за Првото заседание на АСНОМ на Втори август 1944 година, кога се поставени темелите на современата македонска држава по Втората светска војна.

Оригиналната плоча е загубена, но српските власти направија нова, слична на оригиналот, за што на Илинден Пендаровски им се заблагодари како на претседателот на Србија, така и на домаќинот на манастирот владиката Пахомие.

Засега нема официјално известување каде е и зошто ја нема плочата чие враќање беше дочекано со благодарност до српската држава и црква од страна на македонскиот народ.

Ексклузивна фотографија

Збунувачко однесување кон Македонија од српските власти или свештеници на СПЦ

Ексклузивно: Празно е местото од каде исчезна плочата во чест на АСНОМ во Прохор Пчињски