Исчазнал пилотот кој со мал авион прелета 4 земји и слета во Бугарија

Бугарските власти го бараат пилотот на авионот кој неовластено прелета неколку евроски земји во средата. Одбранбените сили во земјата ставени се во состојба на готовност во средата навечер кога во бугарскиот воздушен простор откриен е мал авион, јави Еуроњус.

Од Унгарија до Бугарија: Авион без дозвола прелета 4 земји

Се верува дека пилотот тогаш слетал близу Црното Море, откако кусо време летал над Србија и над Романија, Авионот стар 60 години, со уште топол мотор, најден е на писта на стар аеродром во близина на Трговиште, на североистокот на земјата.

Од пилотот нема ни трага.

Сомнителниот авион немал план за лет, ги деактивирал трансподерите и не одговарал на радиопораките или на визуелните сигнали, соопшти бугарското министерство за одбрана. Авионот „Бичкрафт“ исто така го следеле унгарски и романски борбени авиони.

Бугарскиот министер за одбрана Драган Заков рече дека авионот во ниеден момент не претставувал опасност. „Леташе на мала височина и со мала брзина, што го отежнува пресретнувањето со ловци“, додаде тој.

Обвинителството во Варна, во источна Бугарија, отвори истрага за инцидентот.