Македонската православна црква се вклучува и во бизнисот со струја, откако со уште четворица партнери на 25 ноември годинава основалале компанија за производство на електрична енергија, дознава ИРЛ.
Покрај МПЦ, основачи на компанијата „Друштво за производство на елекрична енергија Хец Драгов дол коо Кичево“ се и Сретен Миладиновски, Александра Аврамовска, Слободан Јовески и фирмата „Мелничко пекарска индустрија Жито Караорман АД Кичево“.
Митрополитот Тимотеј на Дебарско–кичевската епархија вели дека одлучиле да вложат во изградба на мала хидроцентрала.
„Планирано е хидроцентралата да се гради на реката Треска, но идејата се уште е во зародиш. Кај нас често се случува некои работи да се започнат, но не секогаш се завршуваат. Се надевам дека оваа идеја ќе се реализира“, вели Митрополитот Тимотеј за ИРЛ.
МПЦ-ОА во последните години беше дел во повеќе бизнис-политички скандали, а последниот кој беше обелоденет е за изградбата на станбено-деловниот објект кој беше планиран да се гради во центарот на Скопје спроти хотелот „Холидеј ин“…