Контраверзна одлука за новите газди на Дрисла на комисијата формирана од градоначалникот на Скопје, Петре Шилгов.

Комисијата која била составена од вработени во Градот и од Министерството за животна средина откако ги евалуирала понудите на трите компании кои во 2012 година поднеле понуди за инвестирање во Дрисла, донеле одлука дека конзорциумот предводен од „Шолц“ има 100 бода, додека италијанската компанија добила само 82,48 бода. Австриската компанија АСА била дисквалификувана уште пред почетокот на бодувањето, пишува во својата анализа Истражувачката репортерска лабораторија Македонија.

ИРЛ открива дека еден од сопствениците на компаниите кои го сочинуваат конзорицумот, Хрватот Петар Припуз бил уапсен за местење тендери и злосторничко здружување токму во бизнисот со отпад.

Целото истражување на ИРЛ.мк