Јаглен се нашол за ТЕЦ „Осломеј“, но не и за темелот на македонската енергетска инфраструктура РЕК „Битола“ чиишто капацитети чинат повеќе од две третини од вкупното домашно производство на струја. Јагленот набавен за ТЕЦ „Осломеј“ е само 10 проценти од потребните 1 милиони тони јаглен потребни за решавање на длабоката енергетска криза, објави Истражувачката репортерска лабараторија.
Според нивното истражување, Електрани на Северна Македонија успеала да обезбеди јаглен за ТЕЦ „Осломеј“ во количини доволни за следните три до четири месеци. Како што објасни директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, договорот се уште не е официјализиран, бидејќи денеска се одлучувало по добиените понуди, но потврдија дека најдобрата еваулирана понуда за набавка на 130,000 тони јаглен доаѓа од скопската компанија „Промет стеел холдинг“ од Скопје, Сарај.
ТЕЦ „Осломеј“ долго време не е во полна функција и работи интервентно. Оваа кризна сезона Електрани на Северна Македонија реши да го пушти во погон и овој капацитет бидејќи РЕК „Битола“ повеќе од пет години не работи во полн капацитет со сите три блока.
„Промет стеел холдинг“ е компанијата која треба да обезбеди 130 илјади тони јаглен за термоелектроцентралата „Осломеј“ во Кичево. Според достапните информации во Централниот регистер компанијата е регистрирана во 2016 година со паричен влог од 1,3 милиони евра и примарна дејност за трговија со дрва, градежен материјал и санитарија. Станува збор за семејна фирма на Алиу, односно Садете Алиу, Валон Алиу и Абедин Алиу. Оваа компанија има регистрирано и неколку подружници, меѓу кои и ресторанот „Актива“. Извори во владата на ИРЛ кои сакале да останат анонимни велат дека оваа компанија и претходно имала обиди да набави јаглен за дел од македонските скромни капацитети, но имала проблеми и со навремена испорака и со квалитет.
Целиот текст на следниот линк: