Иранки ставаат лажни бради за да гледаат фудбал (ВИДЕО)

Неколку жени во Иран ставија лажни бради и машка облека за да гледаат фудбалски натпревар на стадионот Азади во Техеран, каде што на жените им е забрането да влегуваат.

На жените им е забрането да присуствуваат на спортски настани од револуцијата во 1979 година. Целта на забраната беше да се спречи контакт помеѓу мажи и жени.

Владата на претседателот Хасан Рохани ги намали овие ограничувања и на жените им е дозволено да присуствуваат на натпревари за кошарка и одбојка, но тие треба да седат во посебен дел од трибините, пишува Ал џезира.

Кога иранскиот женски фудбалски тим во 2006 година за првпат играше против странска екипа, беше дозволен влез само на жени на стадионот, а за мажите беше – забранет.