ИРАНЕЦОТ Саџад Хејдари ја убил сопругата Мона Хејдари (17) и е осуден на 8 години затвор, соопштија иранските власти, а пренесува Би-би-си.

На социјалните мрежи почнаа да кружат слики од убиецот кој ја носи отсечената глава на жена низ градот Ахваз по направеното „убиство од чест“.

Портпаролот на судот изјави дека казната е лесна бидејќи родителите на Мона му „простиле“ за убиството.

Мона била во брак со убиецот од својата 12-та година, а син родила на само 14 години.

Локалните медиуми објавија дека таа побегнала во Турција поради семејно насилство од рацете на нејзиниот убиец, враќајќи се во Иран неколку дена пред убиството, кое се случи минатиот февруари, бидејќи нејзиното семејство ја уверило дека ќе биде безбедна.
Семејството на жртвата му простило на убиецот

Портпаролот Масуд Сетајеши објасни дека пресудата е во согласност со иранскиот закон, според кој намерното убиство е казниво со смрт, освен ако семејството на жртвата не му прости на убиецот.