Иран: Пиеле алкохол да се „заштитат“ од корона – починале 300

Околу 1.000 се отруени, а најмалку 300 луѓе починале, обидувајќи се да се заштитат од коронавирусот со индустриски алкохол, соопштија властите во Техеран, пренесува Макфакс.

Во Иран е забранет алкохолот, но граѓаните го набавуваат од шверцери и нелегални производители.

Иран е најтешко погодена од епидемијата на коронавирусот на Блискиот Исток со потврдени 29.000 случаи на коронавирус и 2.200 смртни случаи.