Иран егзекутираше израелски „шпиони“

Иран погуби четири лица обвинети дека работеле за израелските разузнавачки служби, пренесува „АП“.

Земјата ја изврши смртната казна четири дена откако Врховниот суд на Исламската Република ги потврди пресудите за „нивната соработка со разузнавачите на ционистичкиот режим (Израел) и за киднапирање“.

гзекутираните затвореници беа идентификувани како Хосеин Ордуханзадех, Шахин Имани Махмудабади, Милад Ашрафи и Манучер Шахбанди. Тие беа обвинети дека добивале оружје и средства во форма на криптовалути од Мосад.

Исламската револуционерна гарда тврдеше дека уапсила неколку лица наводно поврзани со Мосад, обвинувајќи ги за уништување имот и киднапирање ирански граѓани.

Немаше можност за жалба на судската одлука.

Тројца други обвинети се осудени на затвор од 5 до 10 години за злосторства против националната безбедност, соучесништво во киднапирање и поседување оружје, се наведува на веб-страницата на судството