Инвазија од „тешкаши“ за поддршка на референдумот, доаѓа и Меркел?

Германската канцеларка Ангела Меркел е најзвучното име меѓу „тешкашите“ што треба да го посетат Скопје за да изразат поддршка за референдумот на 30 септември, дознава „Дојче веле“ од дипломатски извори.

Меркел, наводно, во септември ќе ја возврати посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин во февруари годинава.

Покрај високи претставници на Европска унија и на НАТО, Македонија во периодот до референдумот треба да ја посетат и канадскиот премиер Џастин Трудо, како и неговиот шпански колега Педро Санчез.