Интерпелација за министерот Спасовски за бегството на Груевски

Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, е примена во Собранието на 24 февруари.

Дванаесет пратеници од коалицијата АА/А бараат одговорност од Спасовски по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и наводното бегство на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.


Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е последна на дневен ред меѓу 24-те точки во продолжението на 39-та седница која треба да се одржи денеска во Собранието.