Институтот за демократија под притисок од јавноста, Трошановски да му се извини на Коцарев

Невладината организација Институт за демократија е под силен притисок на дел од јавноста поради лажните обвинување од претседателот на Институтот Марко Трошановски кон првиот човек на МАНУ Љупчо Коцарев.

Од Трошановски се бара да му се извини на Коцарев откако пред 4 дена јавно го обвини дека ширел лажни вести.

Денеска expres.mk го објави целиот документ за кој подолго време зборува Коцарев а од кој се гледа дека не претседателот на МАНУ туку претседателот на Институтот за демократија ширел лажни вести.

“Претседателот на МАНУ Коцарев шири лажни вести за укинување на катедра по македонски јазик. Остана уште МПЦ да почне да се занимава со градежништво”, напиша Трошановски во вторникот со што според многумина ја урниса својата но позицијата на Институтот за демократија како релевантна објективна научна организација.

Покрај Трошановски во нападите врз Коцарев учествуваа повеќе други провладини медиуми, јавни личности.

По овој инцидент во кој отвори војна со МАНУ се намалува можноста Трошановски да замине во странство како амбасадор во македонската дипломатија, опција за која неофицијално зборуваа повеќе владини извори.

Целиот план за укинување на „македонските“ катедри на „Блаже Конески“