Инспекторите и останатите вработени во Државниот пазарен инспекторат кои вчера започнаа со петиција, за која велат дека се собрани потписи од сите вработени, а побараа и итна средба со премиерот во врска со разрешувањето на директорот Стојко Пауновски, се уште немаат одговор од премиеротѕ Зорам Заев.
„Она што е најважно е да ја постигнеме таа средба, до тогаш ни останува само да чекаме. Со собраните потписи и писмен допис во понеделник повторно ќе се обратиме до Владата со цел остварување на средба со премиерот на РСМ, која се надеваме дека ќе резултира со позитивен постигнат договор“, велат од ДПИ за Телма.
Од влада, поак за Телма велат дека не примиле такво барање…
