Претседателот Стево Пендаровски бара , чие ново име беше промовирано по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

„Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во Општината Чаир е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата“ се вели во реакцијата на шефот на државата, Стево Пендаровски, кој побара инспекциските служби на Општина Чаир да проверат дали е законски донесена одлуката за преименувањето на улицата Втора македонска ударна бригада во Адем Демачи.


„Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина“, соопшти Пендаровски.

Втората македонска ударна бригада со мултиетнички состав беше една од партизанските сили во Македонија која успешно се бореше со бугарскиот фашистички окупатор, како и фашистичките сили на територијата на Југославија, а 245 нејзини борци загинаа на Сремскиот фронт. Адем Демачи, кој почина 2018, беше косовски дисиден, новинар, книжевник и политичар кој се бореше за независно Косово, а на преименуваната улица во Чаир живеел кусо време со семејството…“