Иницијативата за референдум од Левица поднесена во Собрание

„Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“ е прашањето на референдум за кој денеска иницијатива беше поднесена од лидерот на Левица Димитар Апасиев.

Барањето е за покренување задолжителен и дополнителен референдум

Апасиев на прес-конференција во Собранието кажа дека се собрани 750 потписи кои ги предадоа во собраниската архива и додаде дека не очекува опструкции од претседателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери минатиот месец ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдумско изјаснување по прашањето: „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018“, со образложение дека тој Договор има третман на ратификуван меѓународен договор и според Уставот има правна сила и не може да се менува со закон.