ИТ експертот Роберт Милески предлага Македонија да спроведе ефтин дигитален попис врз основа на податоците што ги имаат државните институции.

“Македонија преку независна комисија (прифатена консезуално за да нема подоцнежно спорење на резултатите) составена од инженери по Информатика треба под итно да спроведе таканаречен дигитален попис. Оваа процедура би ја поделил во три етапи:

1. Треба да се изврши длабинско скенирање на сите расположливи бази на податоци каде што се складирани податоци за државјани на РМ, тука мислам на сите државни, јавни и приватни установи – МВР како најважна, потоа фонд за пензиско, завод за вработување, банки, министерство за здравство, министерство за образование, итн.

2. Според извршената анализа (длабинско скенирање) треба да се подготви стратегија за вадење на потребните податоци (data mining) кои ќе ни дадат јасна слика за бројот на државјани, бројот на жители, дијаспора, етнички состав, бројка на лица според старост, место на живеење, итн.

3. Комисијата треба да ги прибере потребните податоци од базите и да излезе со извештај за дигиталниот попис.

Ваков попис ќе нè чини како држава многу поефтино од класичниот, а истиот сигурен сум дека ќе ни покаже многу пореална слика за составот на Македонија од кој било класичен попис манипулиран од теренски екипи на политичките партии”, пишува Милески кој смета дека на овој начин би се избегнале големи трошоци и политичка пристрасност.