Во следнава инфографика најпластично може да се види кои сектори во Агенцијата за национална безбедност дозволиле рускиот шпион Александар Онишченко да стане македонски државјанин.
На списокот се тројца за јавноста познати луѓе, актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, новиот директор Зарко Милошевски и шефот на одделот за тероризам и насилен екстремизам Јовче Ременски.
Сите тројца дале позитивни мислења за македонскиот пасош за рускиот шпион.
Еден/на од тие што е дел од шемата Онишченко бил/а на боледување и затоа не може да се товари за одговорност.
Од инфографиката може да се види дека оперативец на АНБ од Кисела Вода дал негативно мислење за Онишченко но неговите шефови од непознати причини сепак на владата и дале дозвола да одобри македонски пасош.