Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва му одговори на премиерот Димитар Ковачевски, кој се пофали дека договорот со Фронтекс е потпишан на македонски јазик.
-Македонија до денес има потпишано стотици меѓународни и билатерални договори на македонски јазик. Потпишувањето на македонски никогаш не било тема, туку било нормална работа. Тема биле содржината на договорите и придобивките од нив.
–Ќе наведам еден пример во кој учествуваа и дипломати од МНР, а тоа е 2008 година кога Македонија и Европската инвестициона банка (ЕИБ) ја потпишаа Рамковната спогодба на македонски јазик. Инаку ЕИБ е финансиската институција на ЕУ во која членуваат сите земји на Европската Унија.
–Уште многу вакви мултилатерални спогодби, договори и конвенции на македонски јазик имаме и со Советот на Европа, со ОБСЕ, Обединетите Нации и со многу држави на билатерално ниво.
–Но, денес, кога инфлацијата е блиску до плафонот, а животниот стандард на граѓаните блиску до дното, премиерот Ковачевски веројатно решил да си ја затскрива неспособноста позади формата на потпишан договор, што е нормална работа во меѓународните односи. Ваквата манипулација може да се нарече чист пропаганден јазик, шишува Милошоски на ФБ.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=682998079851190&set=a.478824673601866&type=3