Индија слетува на Месечината (ВИДЕО)

По неуспешниот обид на руски лендер „Луна-25“ да слета на јужниот пол на Месечината, денеска се очекува тоа да му успее на индиско летало.

Вселенското летало Чандрајаан-3 треба да го започне спуштањето кон површината на Месечината денеска околу 14 часот и 15 минути по средноевропско време.

Доколку успее, Индија ќе биде првата вселенска сила која ќе изврши меко слетување на Јужниот пол на единствениот природен сателит на Земјата.

Доколку биде успешна, оваа мисија ќе ја направи Индија четвртата земја што некогаш постигнала таков подвиг.
Во моментов, Соединетите Американски Држави, Кина и поранешниот Советски Сојуз се единствените нации кои извршиле контролирано слетување на вселенски летала на Месечината.