Поради огромниот број на починати пациенти властите во Њу Делхи наредија да се сечат дрвјата за да се обезбеди гориво за масовни кремирања, пренесува АП.
Вкупниот број на потврдени случаи на ковид-19 во Индија надмина 17 милиони, пренесува Ројтерс податоци од индиското Министерство за здравство.
Индија е втора во светот по бројот на потврдени случаи на коронавирус, по САД.
Во Њу Делхи и другите градови во Индија колони амбуланти чекаат на ред за да ги пренесат починатите во крематориумот, а на гробиштата нема слободни места, пренесува АП.
Во изминатите 24 часа, други 2.812 лица починаа како резултат на коронавирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 195.123.
