Индија: Произведуваат по еден електричен скутер на секои 90 секунди

Во фабрика во јужниот индиски град Хосур, се произведува сосема нов електричен скутер на секои 90 секунди, додека директорите ја следат вртоглавата продажба.

„Две тркала брзо стануваат електрични“, вели Тарун Мехта, 33-годишен управен директор во Ather Energy, производител на електрични скутери, кој неодамна доживеа експлозија во побарувачката.

Пред три години, компанијата продаваше околу 200 единици месечно, а сега лесно продава околу 15.000 скутери месечно.

„Приходите вртоглаво растат“, изјави Мехта за Си-Ен-Ен.