„Како најголем производител на вакцини во светот, сакам денес да ѝ дадам уште едно ветување на глобалната заедница“, рече индискиот премиер Моди во претходно снимениот говор пред Генералното собрание на ОН.

„Индискиот капацитет за производство и испорака на вакцини ќе се искористи за да му помогне на целото човештво да се избори со оваа криза“, додаде тоj според агенциите.


Моди рече дека Индија оди напред со третата фаза на клинички испитувања, односно со испитување на вакцината на голем број луѓе, што се смета за клучна фаза за утврдување на безбедноста и ефикасноста на вакцината.

Индискиот премиер рече дека Индија ќе им помогне на сите земји да ги подобрат капацитетите за складирање и ланецот за доставување вакцини.

Претходно беше јавено дека богатите земји откупиле над 50 % од идните вакцини.