Индија: Над 400.000 нови случаи на коронавирус во еден ден

Индија стана првата земја што пријави повеќе од 400.000 нови случаи на коронавирус за еден ден.

Во последните 24 часа официјално се евидентирани 3.523 смртни случаи, но се верува дека бројот е далеку поголем бидејќи многу смртни случаи не се пријавени, објави Би-Би-Си.


Индија веќе се соочува со голем проблем околу кремирање на починатите.

Истовремено, има акутен недостиг на медицински кислород и болнички кревети, бидејќи разорниот втор бран на вирусот корона влијае на нејзиниот здравствен систем.

Досега се дадени околу 150 милиони вакцини, што е 11,5 проценти од 1,3 милијарди жители во Индија.