Индија: 100.000 заразени со корона за 24 часа

Индија објави рекорден раст на новиот коронавирус (КОВИД-19) во текот на изминатите 24 часа, со што стана втора по големина земја по Соединетите држави што регистрирале повеќе од 100.000 нови инфекции за едно денонокие.

Причина е масовните изборни митинзи што придонесуваат за понатамошно ширење на вирусот, информира „Ројтерс“.

Со 103.558 новоинфицирана Индија во последните 24 часа, вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во земјата веќе е 12,6 милиони, веднаш по САД и Бразил, покажуваат податоци од Министерството за здравство.