„Денес Апелацискиот суд во Белград ја означи како законска употребата на навредливиот етнички термин за Албанците, отфрлајќи ја тужбата, која Советот на албанското национално малцинство ја поднесе против министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин. Во образложението на судот тужбата е отфрлена како неоснована.“ – пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА во својата информација со наслов „Суд во Белград го означува како законски навредливиот етнички термин ‘Шиптари“.

ИНА додава: „По одбивањето на тужбата на Советот на албанското национално малцинство против министерот за внатрешни работи реагираше албанскиот пратеник во српскиот парламент Шаип Камбери. Судот ја одби тужбата против Вулин за поттикнување омраза и дискриминација при јавната употреба на навредливиот термин ‘Шиптари’, за Албанците кои не живеат во Албанија.“