Ина Многуфина за феноменалниот ,,стенд ап” на Сашко Коцев: Народот сака смеа доста од трагедии

Мистериозната инфлуенсерка Ина Многу фина чиј вистински идентитет е речиси непознат за најголем дел од јавноста го анализира одличниот перформанс на актерот Сашко Коцев кој со стенд ап вчера ја наполнил салата на Македонскиот народен театар.



Ина Многуфина во својот коментар на скопски сленг освен за настапот на Коцев прави кратка но моќна анализа на душевната состојба на македонскиот народ кој со години катадневно се соочува со разни видови аномалии.

,,Вчера беше стендапот на Сашко Коцев и идам јас нормално и знам дека сите карти се распродадени и знам како изгледа пуна сала у МНТ, знам дека ќе ме смее и као ништо не може да ме изненади.

И луѓе, почнува да се пуни салата и сфаќам дека луѓе седат и во галерија, ајде викам ок, кога дигам глава гледам луѓе седат и во горна галерија, што за мене беше шок. Јас немам видено некој да седи таму, дури мислев дека тоа горе е само за рефлектори.

МНТ да е на 6 спрата, Сашко ќе го напуни. Повеќе народ немам видено никогаш. И сега вие замислете толку народ кога ќе почне да се смее која енергија е тоа во сала. На народот му треба смеење, веројатно му е доста од трагедијата во која живееме.

Излагаме од сала, сите насмеани сите весели. Многу убава слика, убав филинг. Единствено што можам да ви кажам на вас што имате карти за следните стендапи да не ја направите грешката ко мене, да налупате римел на очи.

Одете без шминка најубаво, пошо од солзи ќе ве печат очите. Иначе не знам зашо сум волку рано станата ама не е сега тоа тема”, пишува Ина Многуфина раскажувајќи ги своите размисли за хуморот и состојбата на умот на македонците.