„Премиерот на Албанија Еди Рама денес во Приштина објави дека се започнати подготовките меѓу Косово и Албанија за заедничка албанска енциклопедија. Ова ќе биде важен документ, со кој преку фактите ќе се документира вистината за Албанците.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА во својата информација со наслов „Албанска енциклопедија – негираната вистина во Македонската енциклопедија“.

ИНА пишува: „Сигурно, овој документ ќе биде и силен демант кон македонската енциклопедија, која ги навредува Албанците. Академијата на науки и уметности на Македонија ги навреди Албанците, искривувајќи ја нивната историја.“

„Албанците во Македонија се дојдени од северна Албанија. Тие ги колонизирале подрачјата во Македонија во 16-тиот век, протерувајќи ги Македонците од нивните куќи.“

„Нивното надоаѓање кон Македонија го овозможил Али Паша Тепелена. Првата албанска држава е формирана од фашистичка Германија, која ги прошири границите на оваа држава со подрачјата на северозападна Македонија. Покрај другото, Албанците се познати и како планински луѓе…“

„Ова се само некои извадоци во врска со Албанците од Македонската енциклопедија, издадена од Академијата на науки и уметности на Македонија, која предизвика остри реакции меѓу разни албански кругови во Македонија.“