Вечерва во 82 година од животот почина Едсон Арантес до Наскименто подобро познат како Пеле.
Бразилскиот фудбалер e роден на 23 октомври 1940, близу Тре Коракоес, Бразил а од многумина се смета за најславниот спортист во светот.
Неговата смрт доаѓа откако во ноември 2014 година, на возраст од 74 години, Пеле бил задржан во болница во Сао Паоло, поради болки во стомакот.
Пеле станал член на фудбалскиот клуб Сантос во 1956 година и го предводел тимот до светското клупско првенство во 1962 год.
Во 1969 год. за време на неговиот 909 натпревар, тој го постигнал својот 1.000 гол.
Пеле ја комбинирал неговата сила за удар и прецизноста со извонредната способност да ги предвиди чекорите на другите играчи.
Во 1975 год. Пеле станал член на „Космос“ од Њујорк во Северноамериканската фудбалска лига (NASL). Се повлекол од фудбалот откако го однел тимот во лигашкото првенство во 1977 год.
Во 1978 год., Пеле ја добил меѓународната награда за мир, а во 1980 год. бил прогласен за спортист на векот.
Пеле бил дел од три бразилски национални репрезентации, кои станале светски шампиони во 1958, 1962 и 1970.