Последен поздрав: Невладиниот сектор и Дебар се простуваат од Гоце Љубиновски

Денеска по кратко боледување во Дебар почина Гоце Љубиновски претседател на невладината организација “Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар”.

Љубиновски беше еден од најпочитуваните и најактивните невладини активисти во Македонија и борец за подобрување на состојбите на локално ниво особено во Дебарско – Реканскиот крај.

Љубиновски имаше 42 години.