Жителите на струшкото село Радожда се простуваат од највозрасниот жител на Радожда и Македонија.
Деновиве во 96 година од животот почина Скрческа Јанче Јорда, родена на 18 јуни во далечната 1927 година.
,,Остави траен белег на искрена и топла личност, со свој сопствен авторитет од кој сите ние треба да учиме како чесно и достоинствено да го живееме животот….. Нека ти е светол патот бабичке, светците да те сместат во бескрајното пространство на убавините……Ти благодариме што беше со нас, што беше дел од нас, од сите што те познававаме……Патувај, патувај, а сите ние грижливо ќе го чуваме твојот спомен……. Лесна ти земја и Господ да те прости…..”, стои во еден од последните поздрави до од сите почитуваната Јанче.